ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Не го расфрламе тоа што го имаме
Откако со чудо нахранил 5.000 мажи, како и многу жени и деца, Исус им кажал на своите ученици: „Соберете ги парчињата што останаа за да не пропадне ништо“ (Јвн 6:12). Исус покажал дека го цени она што го дава Јехова така што не дозволил ништо да се фрли.
Во нашево време, Водечкото тело се труди да го следи примерот на Исус така што мудро ги користи приложените средства. На пример, во врска со нашето главно седиште во Ворвик (Њујорк), браќата избраа градежен проект кој овозможи доброволните прилози да се искористат на најдобар можен начин.
КАКО ПОКАЖУВАМЕ ДЕКА НЕ ГО РАСФРЛАМЕ ТОА ШТО ГО ИМАМЕ...
-
кога сме во салата за состаноци?
-
кога земаме публикации за лична употреба? (km 5/09 стр. 3, пас. 4)
-
кога земаме литература за служба? (mwb17.02 „Мудро користи ги публикациите“ пас. 1)
-
кога сме во служба? (mwb17.02 „Мудро користи ги публикациите“ пас. 2, и рамката)