ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Продолжи да ја вежбаш својата моќ на согледување
Еден атлетичар мора постојано да вежба за да остане во добра форма. На сличен начин, и ние мора постојано да вложуваме труд за нашата моќ на согледување да биде извежбана и исправно да функционира (Ев 5:14). Иако сме склони едноставно да се водиме по одлуките на другите, мора да се учиме самите да размислуваме и самите да носиме одлуки. Зошто? Затоа што секој од нас ќе положи сметка за своите одлуки (Ри 14:12).
Не треба да мислиме дека ќе носиме добри одлуки само затоа што сме долго време во вистината. За да носиме мудри одлуки, треба секогаш да се потпираме на Јехова, на неговата Реч и на неговата организација (ИсН 1:7, 8; Из 3:5, 6; Мт 24:45).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ „ЗАЧУВАЈТЕ ЧИСТА СОВЕСТ“, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Каква одлука требаше да донесе Ема?
-
Зошто не треба да им кажуваме на другите наше лично мислење кога станува збор за работи што се оставени на совест?
-
Каков мудар совет ѝ даде еден брачен пар на Ема?
-
Каде Ема најде корисни информации за нејзината ситуација?