ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Сподели ја добрата вест дека наскоро ќе дојде еден подобар свет
Во текот на месец ноември, ќе вложиме посебен труд за да ја споделиме добрата вест дека наскоро ќе дојде еден подобар свет (Пс 37:10, 11; От 21:3-5). Направи си распоред за да можеш колку што е можно повеќе да учествуваш во оваа акција. Ако се пријавиш тој месец да служиш како помошен пионер, можеш да избереш дали ќе поминеш 30 или 50 часа во службата.
Одбери си некој библиски стих во врска со новиот свет и труди се да го споделиш со што е можно повеќе луѓе. Кога размислуваш кој стих да го користиш, земи ги предвид луѓето на твоето подрачје. Ако некој покаже интерес при првиот разговор, понуди му примерок од Стражарска кула бр. 2, 2021. Потоа, колку што е можно побрзо направи повторна посета и обиди се да започнеш библиски курс со брошурата Радувај му се на животот засекогаш. Многу сме радосни што можеме да даваме сѐ од себе додека објавуваме „добра вест за нешто подобро“! (Иса 52:7).
ГЛЕДАЈ ГО МУЗИЧКИОТ СПОТ ВО РАЈОТ ПРЕКРАСЕН, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Каква прекрасна иднина си замислуваше девојчето?
-
Кои убави работи едвај чекаш да се исполнат во новиот свет?
-
Како тоа што ќе размислуваш за твојата надеж ќе ти помогне да дадеш сѐ од себе во акцијата во ноември? (Лк 6:45).