ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Бракот е доживотна врска
Успешните бракови меѓу Божјите слуги му носат слава на Јехова и се извор на радост за сопружниците (Мр 10:9). За бракот да биде траен и среќен, христијаните мора да се водат според библиските начела кога избираат брачен другар.
Пред да започнат врска, младите треба да чекаат да помине „цутот на младоста“, односно периодот кога нивните сексуални желби се толку силни што можат да им ја искриват способноста за расудување (1Ко 7:36). Добро искористи ги годините додека си самец за да се зближиш со Јехова и за да развиеш христијански особини. Така ќе можеш во поголема мера да придонесеш твојот брак да биде среќен.
Пред да одлучиш да стапиш во брак со некого, дај си доволно време за да можеш да го запознаеш „тајниот човек на срцето“ (1Пе 3:4). Ако ти се појават сериозни сомнежи, разговарај за нив со лицето со кое си во врска. Како и во сите други меѓучовечки односи, во бракот треба да ти биде поважно што можеш ти да направиш за твојот брачен другар отколку што може тој да направи за тебе (Фп 2:3, 4). Ако ги применуваш библиските начела уште пред да стапиш во брак, ќе си поставиш добар темел за среќен брак.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПОДГОТОВКА ЗА БРАК — 3. ДЕЛ: ПРЕСМЕТАЈ ГО ТРОШОКОТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Каква беше врската помеѓу сестрата и Шејн во почетокот?
-
Што забележа таа кога подобро го запозна Шејн?
-
Како ѝ помогнаа родителите, и каква мудра одлука донесе таа?