Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Мудро избери го твојот брачен другар

Мудро избери го твојот брачен другар

Соломон не постапил мудро затоа што се оженил со жени кои обожавале лажни богови (1Ца 11:1, 2; w18.07 18, пас. 7)

Жените на Соломон постепено го завеле неговото срце и го оддалечиле од Јехова (1Ца 11:3-6; w19.01 15, пас. 6)

Јехова се разгневил на Соломон (1Ца 11:9, 10; w18.07 19, пас. 9)

Божјата Реч ги советува христијаните да стапуваат во брак „само во Господарот“ (1Ко 7:39). Но, дури и ако некој е крстен, тоа само по себе не значи дека би бил добар брачен другар. Дали тоа лице ќе ти помогне да му служиш на Јехова со цело срце? Дали веќе некое време покажува дека многу го сака Јехова? Пред да одлучиш да стапиш во брак со некого, дај си доволно време добро да го запознаеш лицето кое можеби ќе ти стане брачен другар.