ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Корисни обележја на книгата Радувај му се на животот засекогаш
Кога проучуваме со интересентите, сигурно од голема помош ни се видеоклиповите и прашањата во книгата Радувај му се на животот засекогаш. Истото може да се каже и за рамките „Некои велат“, „Цел“ и „Истражувај“. Но, има и други обележја кои можат да ни помогнат додека водиме библиски курс (Мт 28:19, 20).
Мултимедијални содржини: Ако го водиш курсот со печатено издание, како би можел полесно да ги најдеш сите видеоклипови и други содржини поврзани со лекцијата? Во дигиталното издание, избери еден од четирите главни делови. На долниот дел од страницата, по насловите на лекциите, можеш да избереш „Мултимедијални содржини“ за да ги видиш сите содржини поврзани со тој дел (види слика 1).
Опцијата „Печатено издание“: Ако користиш електронски уред, можеби ќе ти биде од помош одвреме-навреме да ја користиш опцијата „Печатено издание“ во текот на курсот. За да ја избереш оваа опција, додека ти е отворена лекцијата, кликни на трите точки во горниот дел од страницата и избери „Печатено издание“. Овој формат може да ти помогне да имаш подобар преглед на тоа како материјалот кој го разгледувате е поврзан со темата на лекцијата. За да се вратиш на дигиталното издание, повторно кликни на трите точки и избери „Дигитално издание“.
„Дали сум спремен?“: Овие рамки, кои се наоѓаат при крајот на книгата, ги наведуваат основните услови за некој да почне да проповеда како некрстен објавител и за да се крсти (види слика 2).
Белешки: Белешките даваат дополнителни објаснувања за одредени важни теми. Во дигиталното издание има линк по секоја белешка за да можеш да се вратиш на точката која ја разгледувавте во лекцијата (види слика 2).
Книгата Радувај му се на животот засекогаш треба да се доврши со интересентот, дури и ако во меѓувреме се крсти. Објавителот што го води курсот може и понатаму да ги известува времето, повторните посети и библискиот курс. Ако друг објавител го придружува и учествува во курсот, и тој може да го извести времето.