ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Како да се справиме со тагата додека го чекаме воскресението?
Кога ќе ни почине некој близок, надежта за воскресение ни е извор на утеха. Сепак, гревот и смртта се како тешка прекривка која нѐ задушува сите нас (Иса 25:7, 8). Ова е една причина зошто „целото создание заедно воздивнува и... е во болка сѐ досега“ (Ри 8:22). Како да се справиме со тагата додека го чекаме воскресението? Божјата Реч содржи начела кои можат да ни помогнат.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ КОГА ЌЕ ПОЧИНЕ НЕКОЈ ШТО ГО САКАШ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Со каква загуба се соочиле Даниела, Масахиро и Јошими?
-
Кои пет практични предлози им помогнале?
-
Кој е најголемиот извор на утеха? (2Ко 1:3, 4)