Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Најди мудри совети за животот на JW.ORG

Најди мудри совети за животот на JW.ORG

Во Божјата Реч може да најдеме сѐ што ни е потребно за да се избориме со проблемите во овие тешки последни денови (2Ти 3:1, 16, 17). Но, понекогаш ни е потребна помош за да ги најдеме соодветните библиски начела кои се однесуваат на одредена ситуација. На пример, ако си родител, дали да ти се потребни совети за тоа како да се воспитуваат децата? Ако си тинејџер, дали се соочуваш со предизвици кои ти ја ставаат верата на испит? Ако си вдовец или вдовица, дали ти е тешко да се справиш со загубата на брачниот другар? На jw.org, можеш да најдеш содржини кои истакнуваат соодветни библиски начела кои можат да ти помогнат во овие и во многу други ситуации (Из 2:3-6).

На почетната страница на jw.org, кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА (види на слика 1). Од менито, избери ја категоријата што те интересира. Или, кликни на БИБЛИОТЕКА > РУБРИКИ и избери ја рубриката што те интересира (види на слика 2). Истите категории и рубрики можеш да ги најдеш и во апликацијата JW Library®. * Можеби ќе сакаш само да разгледаш какви содржини има на овие места. Друга можност е да ја внесеш темата што те интересира во полето за пребарување на jw.org.

Внеси ги следниве теми во полето за пребарување, и запиши си ги статиите кои би сакал да ги прочиташ.

  • Воспитување деца

  • Депресија кај тинејџерите

  • Утеха за ужалените

^ Некои статии од овие рубрики моментално можат да се најдат само на jw.org.