Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Јехова ги спасува оние што се со скршен дух

Јехова ги спасува оние што се со скршен дух

Секој од нас понекогаш се чувствува тажно. Тоа што се чувствуваме тажно не значи дека немаме вера во Јехова. Дури и самиот Јехова открил дека понекогаш се чувствува тажно (1Мо 6:5, 6). Но што ако често или дури и постојано сме преплавени од силни чувства на тага?

Моли го Јехова за помош. На Јехова му е многу важно нашето ментално и емоционално здравје. Тој знае кога сме среќни и кога сме тажни. Јехова разбира зошто размислуваме и се чувствуваме на одреден начин (Пс 7:9б). Што е најважно, Јехова се грижи за нас и може да ни помогне да се справиме со чувствата на тага, па дури и со депресија (Пс 34:18).

Грижи се за своето ментално здравје. Негативните чувства можат да влијаат врз нашата среќа, но и врз нашиот однос со Јехова. Од таа причина, добро е да го заштитиме нашето срце, односно нашата внатрешна личност (Из 4:23).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ КАКО НАШИТЕ БРАЌА ЧУВСТВУВААТ МИР И ПОКРАЈ ТОА ШТО СЕ БОРАТ СО ДЕПРЕСИЈА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Кои практични работи ги направи Ники за да се справи со депресијата?

  • Зошто Ники сметаше дека треба да побара лекарска помош? (Мт 9:12).

  • На кои начини Ники се потпираше на Јехова за помош?