Префрли се на текстот

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Акробатските вештини на мувата

Акробатските вештини на мувата

 Секој што се обидел да фати мува, знае дека тоа не е лесно. Со брзина на светлината, овие инсекти честопати вешто ги избегнуваат обидите да бидат фатени.

 Научниците откриле дека винската мушичка, која е еден вид мува, може да го менува правецот на движење слично како еден борбен авион, и тоа во дел од секундата. Уште кога ќе се изведат, „мувите летаат како експерти“, рекол професорот Мајкл Дикинсон. „Тоа е исто како да ставиш едно новороденче во борбен авион и тоа да знае што треба да прави.“

 Научниците ги снимале овие муви додека летаат и откриле дека замавнуваат со крилјата 200 пати во секунда. Сепак, со само едно замавнување можат да го сменат правецот на движење за да избегнат некоја опасност.

 А колку брзо можат да реагираат? Истражувачите откриле дека овие муви можат да реагираат на опасност 50 пати побрзо отколку што човек може да трепне. Дикинсон објаснува: „За многу кратко време, мувата прави многу сложена пресметка за да одреди од каде доаѓа опасноста и во кој точно правец треба да лета за ја избегне“.

 Како го прави тоа? Научниците сѐ уште не можат да го сфатат инженерското решение што се крие во ситниот мозок на винската мушичка.

Винската мушичка ја избегнува опасноста така што го менува правецот на летање во дел од секундата

 Што мислиш? Дали акробатските вештини на оваа мува настанале по пат на еволуција или се дело на мудар Творец?