Што вели Библијата за бракот меѓу лица од различна раса или националност?
Што вели Библијата:
Во Божји очи не е погрешно еден маж и жена од различна раса или националност да стапат во брак бидејќи за Бог сите луѓе се исти. Во Библијата пишува: „Бог навистина не е пристрасен кон никого... без разлика на кој народ му припаѓа“ (Дела 10:34, 35, Радосна Вест).
Дознај од каде потекнуваат народите и расите и што треба да земеш предвид ако сакаш да стапиш во брак со лице од друга раса или националност.
Сите народи и раси потекнуваат од еден човек
Сите луѓе се потомци на првиот човек, Адам и на неговата жена Ева, која во Библијата е наречена „мајка на сите живи“ (1. Мојсеева 3:20). Затоа, во Библијата пишува: „[Бог] од еден човек го направи целиот човечки род“ (Дела 17:26). Без разлика на која раса или националност припаѓаат, сите луѓе се дел од едно семејство. Но, што ако во местото во кое живееш многу се раширени расните или етничките предрасуди?
„Мудри се оние што меѓусебно се советуваат“
Иако за Бог не е погрешно две лица од различни раси или националности да стапат во брак, многу луѓе имаат поинакво мислење (Исаија 55:8, 9). Ако имаш намера да стапиш во брак со некој од друга раса или националност, ти и твојот иден брачен другар треба да разговарате за следниве работи:
Како ќе се справите со притисокот што можеби ќе го имате од другите луѓе или од семејството?
Како ќе им помогнете на вашите деца да се справат со предрасудите?
Тоа што ,меѓусебно ќе се советувате‘ ќе ви помогне да имате среќен брак (Изреки 13:10; 21:5).