Зошто луѓето умираат?
Што вели Библијата:
Нормално е да се прашуваме зошто луѓето умираат, особено кога ќе изгубиме некој близок. Во Библијата пишува: „Осилото кое предизвикува смрт е гревот“ (1. Коринќаните 15:56).
Зошто сите луѓе грешат и умираат?
Првите луѓе, Адам и Ева, умреле затоа што му згрешиле на Бог (1. Мојсеева 3:17-19). Поради тоа што се побуниле против Бог, кој е „изворот на животот“, тие не можеле да ѝ избегаат на смртта (Псалм 36:9; 1. Мојсеева 2:17).
Адам им ги пренел несовршеноста и гревот на сите свои потомци. Библијата вели: „Преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија“ (Римјаните 5:12). Според тоа, сите луѓе умираат затоа што нема човек кој не греши (Римјаните 3:23).
Кој ќе ѝ стави крај на смртта?
Бог ветил дека ќе дојде време кога „ќе ја уништи смртта засекогаш“ (Исаија 25:8). За да ѝ стави крај на смртта, тој мора да ја отстрани главната причина за неа, а тоа е гревот. Бог ќе го направи тоа преку Исус Христос, кој ќе ,го отстрани гревот на светот‘ (Јован 1:29; 1. Јованово 1:7).