Дали Јеховините сведоци се христијани?
Да. Ние сме христијани од следниве причини:
Се трудиме во сѐ да ги следиме учењата и постапките на Исус Христос (1. Петрово 2:21).
Веруваме дека Исус игра клучна улога во спасението, дека „нема друго име под небото дадено на луѓето преку кое можеме да се спасиме“ (Дела 4:12).
Кога некој ќе стане Јеховин сведок, се крштава во името на Исус (Матеј 28:18, 19).
Нашите молитви ги кажуваме во името на Исус (Јован 15:16).
Веруваме дека Исус има авторитет и дека секој човек треба да му се подложува (1. Коринќаните 11:3).
Меѓутоа, во некои работи се разликуваме од другите религии што се нарекуваат христијански. На пример, веруваме дека Библијата вели дека Исус е Божји Син, а не дел од тројство (Марко 12:29). Не веруваме дека душата е бесмртна, дека Библијата дава основа да се верува дека Бог вечно ги мачи луѓето во пекол или дека оние што предводат во верските активности треба да имаат некакви титули што ги издигнуваат над другите (Проповедник 9:5; Езекиел 18:4; Матеј 23:8-10).