Дали Јеховините сведоци ги избегнуваат оние што порано припаѓале на нивната религија?
Оние што се крстени Јеховини сведоци а повеќе не им проповедаат на другите, па дури и ги прекинуваат врските со своите соверници, ние не ги избегнуваме. Всушност, одиме кај нив и се обидуваме повторно да го разгориме нивниот интерес за духовни работи.
Ако некој направи тежок грев, не го исклучуваме автоматски. Меѓутоа, ако на еден крстен сведок му стане обичај да ги прекршува библиските морални мерила и не се кае, ќе биде исклучен. Во Библијата јасно пишува: „Отстранете го злобниот од својата средина“ (1. Коринќаните 5:13).
Што ако еден маж е исклучен, но жена му и децата сѐ уште се Јеховини сведоци? Поврзаноста што постоела меѓу нив на темел на верата се менува, но крвните врски остануваат. Брачната врска и нормалната поврзаност и љубов што постојат меѓу нив како семејство продолжуваат.
Исклучените лица може да присуствуваат на нашите верски состаноци. Исто така, ако сакаат можат да добијат библиски совети од собраниските старешини. Целта е да му се помогне секому повторно да биде Јеховин сведок. Исклучените лица што престануваат да постапуваат погрешно и покажуваат искрена желба да живеат според библиските мерила се добредојдени повторно да станат Јеховини сведоци.