Дали Јеховините сведоци сметаат дека само тие ќе се спасат?
Не. Милиони луѓе кои живееле во минатите векови и не биле Јеховини сведоци ќе имаат можност да се спасат. Библијата објаснува дека во новиот свет што го ветува Бог, тој „ќе ги воскресне и праведните и неправедните“ (Дела 24:15). Освен тоа, многу луѓе што живеат денес можеби допрва ќе почнат да му служат на Бог, па и тие ќе бидат спасени. Како и да е, не е до нас да судиме кој ќе биде или нема да биде спасен. Тоа му е препуштено само на Исус (Јован 5:22, 27).