Зошто Јеховините сведоци промениле некои свои верувања?
Библијата отсекогаш била единствениот темел за сите наши верувања. Според тоа, кога ќе смениме некое наше верување, тоа го правиме бидејќи подобро сме ја разбрале Библијата. a
Таквите промени се во склад со библиското начело од Изреки 4:18, каде што стои: „Патеката на праведниците е како блескава светлина, која свети сѐ посилно додека сосема не се раздени“. Исто како што светлината од изгрејсонцето постепено открива сѐ повеќе детали за околината, така и Бог постепено ни ги открива библиските вистини, во времето кога тој мисли дека е најдобро (1. Петрово 1:10-12). Во Библијата е проречено дека особено во „времето на крајот“ Бог ќе им помага на своите слуги подобро да ја разберат Библијата (Даниел 12:4).
Ваквите промени во нашето разбирање не треба да нѐ изненадат или вознемират. И Божјите слуги од минатото понекогаш требало да си го сменат гледиштето затоа што погрешно разбирале некои работи или имале погрешни очекувања.
Мојсеј сакал да го спаси израелскиот народ 40 години пред времето што го одредил Бог (Дела 7:23-25, 30, 35).
Апостолите не го сфатиле пророштвото дека Месијата требало да умре и да воскресне (Исаија 53:8-12; Матеј 16:21-23).
Некои од првите христијани имале погрешно мислење за тоа кога ќе дојде „Јеховиниот ден“ (2. Солуњаните 2:1, 2).
Подоцна Бог им помогнал исправно да ги сфатат работите, а ние се молиме да продолжи да го прави тоа и за нас (Јаков 1:5).
a Кога на темел на Библијата ќе смениме некое свое верување, тоа не го криеме, туку го објавуваме во нашите публикации. За да најдеш такви примери, внеси „Појаснувања на нашите верувања“ во полето за пребарување на ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКАТА Watchtower.