Дали Јеховините сведоци сметаат дека само нивната религија е исправна?
Сите што сериозно гледаат на религијата би требало да се уверени дека Бог и Исус ја одобруваат религијата што ја избрале. Во спротивно, зошто воопшто би припаѓале на таа религија?
Исус Христос не се согласувал со гледиштето дека има многу религии, односно многу патишта што водат до спасение. Наместо тоа, тој рекол: „Тесна е вратата и тесен е патот што води во живот, и малцина го наоѓаат“ (Матеј 7:14). Јеховините сведоци веруваат дека го нашле тој пат. Во спротивно, би барале друга религија.