Префрли се на текстот

Обиколки на Бетел

Срдечно те покануваме да ги разгледаш нашите подружници, односно Бетели. Во некои од нашите подружници има изложби кои може самостојно да се разгледаат.

Повторно има обиколки: Од 1 јуни 2023 год., повторно има обиколки во Бетелите во многу земји. За повеќе информации, стапи во контакт со подружницата која би сакал да ја посетиш. Те молиме да не доаѓаш на обиколка доколку си позитивен на КОВИД-19, имаш симптоми на настинка или грип или неодамна си бил во контакт со некој што е позитивен на КОВИД-19.

Јужноафриканска Република

Информации за обиколка

Закажи обиколка

Провери го или смени го терминот

Преземи проспект за обиколка

Изложби

Почеток на обиколката. Се прикажуваат неколку видеоклипови во кои е објаснето што се прави во Бетел и како со тоа се поддржува делото за Царството.

Печатница — локација 2. Тука се прикажуваат видеоклипови во кои се истакнува колку е важно преведувањето и печатењето публикации на локалните јазици. Посетителите можат да видат како работат машините за печатење. Посебно е интересна изложбата на Библии во која е прикажано како низ историјата Божјето име се користело во Библиите на некои од локалните јазици.

Печатница — локација 3. Тука може да се види просторот за испорака на литература, а има и монитори на кои е прикажано каде во моментот се наоѓаат пратките со литература. Се пуштаат видеоклипови во врска со изградба на сали за состаноци, испорака на литература и изработка на аудио и видео материјали.

Дополнителни информации. Од една до друга локација има превоз со автобус. Посетителите можат да направат пауза за ручек на местото наменето за тоа.

Адреса и телефонски број

Најди ја локацијата