Префрли се на текстот

15 ОКТОМВРИ 2024
НАЈНОВО

Промена во возраста за зголемување на службата објавена на годишниот состанок

Промена во возраста за зголемување на службата објавена на годишниот состанок

На годишниот состанок на Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania кој се одржа на 5 октомври 2024 год., беше известено дека возраста на која некој може да поднесе молба за да служи во Бетел или на теократски градежни проекти се намали од 19 на 18 години. Исто така, возраста на која некој може да поднесе молба за да присуствува на Школата за полновремени објавители се намали од 23 на 21 година.

Овие возбудливи промени важат отсега натаму. Тие отвараат повеќе можности за младите браќа и сестри кои ги исполнуваат условите да прават повеќе во службата за Јехова.