WATCHTOWER LIBRARY
Најчесто поставувани прашања — Watchtower Library
За да може да се инсталира Watchtower Library, потребно е компјутерот, или лаптопот, да користи оперативен систем Microsoft Windows 7 или понов. Ако твојот компјутер има ARM процесор, потребен е оперативен систем Windows 11.
Ако повеќе пати се појави порака дека програмата Watchtower Library не може да преземе нова верзија, следи ги следниве упатства за рачно да ја инсталираш новата верзија:
Оди на страницата Нова верзија на Watchtower Library на jw.org.
Преземи пакет за нова верзија на програмата Watchtower Library на твојот јазик.
Следи ги упатствата во делот „Инсталирај пакет за нова верзија“.
Ако сѐ уште не можеш да го решиш проблемот, следи ги следниве чекори:
Во програмата File Explorer, отвори ја папката „C:\ProgramData\Watchtower\WTLibrary“.
Избриши ги следните два фајла:
а. ca-bundle.zip
б. cert.pem
Ако не можеш да ги следиш чекорите наведени погоре, замоли некој пријател кој често ја користи програмата Watchtower Library да ти помогне, или контактирај ја нашата најблиска подружница.
Би можел да ти помогне некој пријател кој често ја користи програмата Watchtower Library. Ако не, те молиме контактирај ја нашата најблиска подружница.