Правила за приватност
Општи правила за приватност
Видете и...
ПОЧИТУВАЊЕ НА ВАШАТА ПРИВАТНОСТ
Даваме сѐ од себе за да ја заштитиме и почитуваме Вашата приватност. Овие Општи правила објаснуваат како се обработуваат сите лични податоци што ќе ги прибавиме или што ќе ни ги дадете на нашата интернет-страница и на сите апликации од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc. (“Watchtower”). Кога ќе ја посетите нашата интернет-страница, добиваме одредени основни информации за Вас и свесни сме колку е важно тие информации да бидат заштитени, а Вие да бидете информирани како ќе бидат употребени. Може да изберете да ни дадете информации што се сметаат за лични податоци. Изразот „лични податоци“ во овие Правила се однесува на информации како што се Вашето име, имејл адреса, поштенска адреса, телефонски број или каква било друга информација што може да Ве идентификува. Изразот „интернет-страница“ се однесува на оваа интернет-страница и на интернет-страниците поврзани со неа, како што се apps.pr418.com, ba.pr418.com, stream.pr418.com и wol.pr418.com.
ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТРОЛОРОТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Оваа интернет-страница и сите апликации поврзани со неа се во сопственост на непрофитната организација Watchtower со седиште во Њујорк, која ги поддржува активностите на Јеховините сведоци и нивното библиско образовно дело. Доколку сакате да имате свој профил, да дадете доброволен прилог, да побарате посета или да изберете некоја друга опција која вклучува давање на лични податоци, се согласувате со овие Правила; се согласувате со тоа Вашите податоци да бидат чувани на серверите кои се наоѓаат во САД, како и да бидат собирани, обработувани, пренесувани и чувани од страна на Watchtower и на други правни тела кои Јеховините сведоци ги користат во различни земји за да се исполни Вашето барање. Оваа верска организација дејствува низ целиот свет и тоа преку разни локални ентитети. Кога станува збор за заштита на податоци, во тие ентитети може да спаѓаат локалните собранија, подружниците и други слични ентитети кои ги користат Јеховините сведоци.
Во зависност од тоа со која цел ја користите нашата интернет-страница, Вашите лични податоци ќе ги користи различен контролор на лични податоци. На пример, кога давате онлајн донација на некое правно тело во одредена земја, информации во врска со тоа на кое правно тело ги давате Вашето име и Вашите контакт-информации ќе добиете во текот на процесот на давање прилог. Или, уште еден пример, доколку побарате посета, тогаш Вашето име и информации за контакт ќе бидат проследени до соодветната подружница и собрание на Јеховините сведоци за да се исполни Вашето барање.
Ако во земјата во која живеете има закони за заштита на податоци, од помош може да Ви бидат контакт-информациите за Вашата земја, кои можете да ги најдете на страницата Контакт-информации за заштита на податоци.
БЕЗБЕДНОСТ И ДОВЕРЛИВОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
Безбедноста и доверливоста на Вашите лични податоци се многу важни за нас. Користиме најсовремени техники за чување и безбедност на податоци за да ги заштитиме Вашите лични податоци од неовластен пристап, несоодветно користење или откривање, неовластено менување, незаконско уништување или случајно губење на овие податоци. Сите што ракуваат со личните податоци и третите лица вклучени во процесот на обработка на истите се обврзани да ја почитуваат доверливоста на Вашите информации. Вашите лични податоци ги чуваме сѐ додека во разумна мера може да бидат потребни за целта за која биле собрани или за да се почитуваат законските барања за давање извештаи или чување на податоци.
Преносот на личните податоци го штитиме со помош на технологии за кодирање, како што е Transport Layer Security (TLS). Користиме компјутерски системи со ограничен пристап, сместени во објекти со физички, електронски и процедурални безбедносни мерки со цел да се заштити доверливоста и безбедноста на информациите кои биле испратени до нас. За да спречиме неовластен пристап, користиме строги мерки за безбедност.
МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА
Ако сте малолетно лице според законите на земјата од која пристапувате на нашата интернет-страница, Вашите лични податоци можете да ги внесете на нашата интернет-страница само со дозвола на родител/старател. Ако сте родител/старател и дадете согласност малолетник да внесе лични податоци на оваа интернет-страница, Вие ги прифаќате условите кои се однесуваат на малолетникот и кои се наведени во овие Правила.
ТРЕТИ ЛИЦА
Оваа интернет-страница или апликациите поврзани со неа понекогаш содржат линкови што водат до страница на трето лице кое ни врши одредени услуги (на пример, пополнување на онлајн формулари). Ќе знаете дека сте биле пренасочени на интернет-страница на трето лице бидејќи ќе се промени изгледот на страницата, како и адресата прикажана на Вашиот интернет-пребарувач. Освен тоа, можеби ќе добиете имејл или текстуална порака од трето лице на темел на некое барање што сте го испратиле преку оваа интернет-страница, во што спаѓаат и известувања за активностите за кои сте побарале информација. Кога се бира некое трето лице, а повремено и во текот на соработката, се проверуваат нивните правила за приватност и за заштита на лични податоци за да бидеме сигурни дека се придржуваат за истите стандарди како и ние. Меѓутоа, овие трети лица овозможуваат користење на апликации и услуги чие програмирање, правила на користење, правила за приватност и општи правила не можеме да ги контролираме. Затоа, користењето на тие апликации и услуги на нашата интернет-страница е подложно на условите за користење и општите правила за приватност кои се одредени од тоа трето лице. Ние не добиваме информација за евентуално ажурирање на тие документи, па затоа пред да ги користите услугите што ги нудат третите лица Ве молиме да ги проверите нивните услови. Доколку имате прашања во врска со нивните правила за користење, Ве молиме прочитајте ги правилата за приватност кои се наоѓаат на нивната интернет-страница.
Ако на оваа интернет-страница ги користите услугите на „Карти на Google“, имајте на ум дека користењето на тие услуги е подложно на моменталните правила за користење кои се наоѓаат на интернет-страницата Google. Google е трето лице чии апликации, програмирање и правила за користење не можеме да ги контролираме. Затоа, за користењето на услугите на „Карти на Google“ на оваа интернет-страница важат моменталните Дополнителни услови на користење „Карти на Google“/Google Earth. Ние не добиваме информација за евентуално ажурирање на тие услови и затоа Ве молиме да ги разгледате пред да ги користите услугите на „Карти на Google“. Ако не се согласувате со Условите за користење на „Карти на Google“, тогаш немојте да ги користите нивните услуги.
ИЗВЕСТУВАЊА ЗА ПРОМЕНИ ВО ОВИЕ ПРАВИЛА
Постојано ги подобруваме функционалноста и опциите на оваа интернет-страница и на сите апликации поврзани со неа. Освен тоа, постојано ги подобруваме постоечките услуги и додаваме нови. Ваквите постојани промени, како и промените во законите и во технологијата која ја користиме, налагаат одвреме-навреме да ги менуваме условите за користење на податоци. Кога е неопходно да ги смениме нашите Правила за приватност, сите промени ќе ги објавиме на оваа интернет-страница за да знаете кои информации ги собираме и како ги користиме.
ACTIVE SCRIPTING ИЛИ JAVASCRIPT
Оваа технологија се користи за да се подобри функционалноста на нашата интернет-страница и на апликациите поврзани со неа. Освен тоа, така страницата може побрзо да Ви испрати повратни информации. На нашата интернет-страница и на апликациите поврзани со неа никогаш не ја користиме оваа технологија за да се инсталира некаква програма на Вашиот компјутер, ниту пак за неовластено собирање на лични податоци.
Опцијата Active scripting или JavaScript мора да биде активирана во пребарувачот за да може исправно да функционираат некои делови на нашата интернет-страница. На повеќето пребарувачи, оваа опција може да биде активирана или деактивирана за конкретни интернет-страници. За да дознаете како да го направите тоа, одете во делот „Помош“ (Help) во Вашиот пребарувач.