Општи правила за користење на лични податоци
Вашите лични податоци ги собираме, ги чуваме и ги користиме исклучиво за целите за кои сте ги оставиле, и ги чуваме само толку колку што е потребно заради тие цели или за да се исполнат некои законски барања. Во овие ситуации, ако не сакате да оставите некои од податоците што сме Ви ги побарале, можеби нема да биде можно да добиете пристап до некои делови од интернет-страницата или до други апликации од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc. или нема да можеме да одговориме на Вашето барање.
Податоците што сте ги навеле во барањето или молбата им се достапни на лицата што се вклучени во исполнувањето на целта на обработката на податоците и/или на експертите за техничка поддршка кои извршуваат задачи поврзани со функционирањето и одржувањето на техничкиот систем. Вашите лични податоци нема да ги дадеме никому освен: 1) ако тоа е неопходно за да се изврши услугата што сте ја побарале, а за тоа сте биле јасно известени; 2) ако имаме основа да веруваме дека откривањето на таквите информации е неопходно за да се задоволат соодветните закони или прописи; 3) ако тоа го побараат властите; или 4) ако тоа е потребно за да се разоткрие или да се спречи измама која би можела да ја наруши безбедноста или да создаде технички проблеми. Со тоа што ја користите оваа интернет-страница и сите апликации поврзани со неа, се согласувате Вашите лични податоци да им се даваат на трети лица само за овие цели. Личните податоци што ќе ни ги оставите под никакви околности нема да бидат продадени, разменети или изнајмени.
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА
Поголемиот дел од содржините на оваа интернет-страница се достапни без да мора да се регистрирате како корисник и без да ни давате какви било информации. Меѓутоа, некои опции се достапни само за регистрирани корисници, за корисници кои ќе поднесат барање или молба, или за корисници чии лични податоци ги внесува некое собрание на Јеховините сведоци преку jw.org. Вашите лични податоци ги обработуваме на темел на Вашата согласност. Во некои случаи, ако ја повлечете согласноста, може да имаме законска основа и понатаму да ги обработуваме вашите податоци, доколку за тоа се задоволени соодветните законски барања.
Личните податоци што ќе ги оставите на оваа интернет-страница се користат исклучиво за целите за кои сте биле информирани кога сте ги внеле. Некои од овие цели се:
Кориснички профил. Имејл адресата што сте ја внеле кога сте направиле кориснички профил на оваа интернет-страница може да се користи за да контактираме со вас во врска со профилот. На пример, ако ги заборавите корисничкото име или лозинката и побарате помош за да се логирате, ќе може да Ви помогнеме така што ќе Ви испратиме порака на имејл адресата која сте ја навеле.
„Мој профил“: Откако ќе отворите свој кориснички профил, Вашиот собраниски секретар би можел да Ви даде пристап до делот „Мој профил“. Ако одлучите да наведете додатни лични информации на страницата „Мој профил“ на hub.pr418.com, ќе бидете прашани дали се согласувате да се користат овие додатни информации за да може да се процени дали би можеле да помагате за разни задачи и за да може да се стапи во контакт со Вас. Ако помагате во некој проект и наведовте вештини на страницата „Мој профил“, тогаш некој кој е овластен за таа цел би можел да даде проценка за Вашите вештини во поврзаност со проектот. За да бидат обработени Вашите информации, тие би можело, доколку е неопходно, да бидат испратени и до други подружници на Јеховините сведоци, до главното седиште на Јеховините сведоци или до други ентитети кои ги користат Јеховините сведоци во разни земји.
Молби. Ако ги исполнувате условите согласно верувањата и принципите на Јеховините сведоци, може да ја користите оваа интернет-страница за да креирате кориснички профил или за да поднесете некоја молба. Исто така, Вашето собрание може да ја користи оваа интернет-страница за да ја поднесе Вашата молба во Ваше име. Од секоја молба јасно се гледа која е нејзината цел, на пример зголемување на верска служба, барање или понуда на сместување за конгрес, покраински собир или некој друг настан. Вашите лични податоци кои се наведени во молбата може да бидат внесени од Вас, од Вашите старешини или од Вашиот покраински надгледник. Наведените податоци ќе се користат исклучиво за да се разгледа молбата и за поврзаните административни цели, вклучувајќи и изработка на Ваш профил како дел од процесот за поднесување на молба. Доколку тоа е потребно за да може да се разгледа Вашата молба, Вашите податоци од молбата може да се испратат и до други подружници, до главното седиште на Јеховините сведоци или до други ентитети кои ги користат Јеховините сведоци во разни земји. Во секој случај, молбите се разгледуваат поединечно и не подлежат на автоматизирано одлучување.
Специјални и меѓународни конгреси. Ако ги исполнувате условите да присуствувате на некој специјален или меѓународен конгрес („конгрес“), можете да ја користите оваа интернет-страница за да поднесете молба. Ве молиме видете ги додатните информации кои важат за сите молби во поднасловот „Молби“ погоре.
Делегати. Во личните податоци кои ќе се употребат за конгресот се вклучени Вашите контакт-информации, датумот на раѓање, информации за групата, информации за сместувањето, информации околу доаѓањето и заминувањето, како и секоја друга информација која ќе ја внесете, а е неопходна за конгресот. Ако сте избрани да бидете делегат на конгресот, Вашите лични податоци ќе бидат споделени и користени од подружницата на Јеховините сведоци која е домаќин на конгресот, како и од оние поединци кои помагаат и работат во склоп на Конгресниот одбор и во Одборот за гостопримство. Тие ќе ги користат Вашите лични податоци за да го организираат конгресот, за дa се погрижат за Вашите потреби околу патувањето и околу други неопходни работи поврзани со патувањето, како и за да организираат други настани и активности поврзани со конгресот. Вашите лични податоци исто така ќе бидат споделени со хотелот што сте го избрале, со другите ентитети на хотелот, како и со трети компании, за да се направат Вашите резервации, како и сите други неоходни работи поврзани со Вашиот престој во хотелот. Освен тоа, Вашите лични податоци ќе бидат споделени и со трети копмании кои обезбедуваат услуги поврзани со активностите што сте ги избрале. Ако изберете да не ги внесете Вашите лични податоци или ако побарате тие да бидат избришани, повеќе нема да ги исполнувате условите да бидете делегат на конгресот. Вашите лични податоци ќе ги избришеме во најкраток можен рок откако повеќе нема да бидат потребни.
Посебни акции за проповедање. Ако ги исполнувате условите за да се пријавите за некоја посебна акција за проповедање („акција“), можете да ја користите оваа интернет-страница за да поднесете молба. Ве молиме видете ги додатните информации кои важат за сите молби во поднасловот „Молби“ погоре. Ако сте избрани да учествувате во акцијата, Вашите лични податоци ќе бидат споделени и користени од подружницата на Јеховините сведоци која ја организира акцијата. Во личните податоци кои ќе се користат за акцијата се вклучени Вашите контакт-информации, информации за групата, информации за сместувањето, информации околу доаѓањето и заминувањето, информации за познавање на јазикот, како и секоја друга информација која ќе ја внесете, а е неопходна за акцијата. Одборот на посебната акција за проповедање во подружницата која е домаќин ќе ги користи Вашите лични податоци за да ја организира акцијата, да Ви додели подрачје за проповедање и да Ви помогне околу сместувањето. Лицето кое е задолжено за одредено подрачје и старешинството од собранието кое ќе Ви биде домаќин ќе ги користат Вашите лични податоци за да ја организираат акцијата на тоа подрачје. Ако изберете да не ги внесете Вашите лични податоци или ако побарате тие да бидат избришани, повеќе нема да ги исполнувате условите да учествувате во акцијата.
Обука: Доколку ги исполнувате условите да помагате во некои проекти, вклучувајќи и градежни проекти, некое лице овластено да пружи обука би можело да Ве покани да присуствувате на некоја обука. Би можеле да ја прифатите или да ја одбиете поканата, или да се повлечете од обуката пред таа да започне. Ако ја прифатите поканата, инструкторите ќе водат евиденција за присутноста, ќе проценат што е постигнато со Вашата обука и би можеле да наведат и други коментари. Лицата кои ја организираат обуката и инструкторите ќе можат и да ги разгледаат и да даваат проценка за вештините кои сте ги навеле на страницата „Мој профил“ на hub.pr418.com. За да бидат обработени Вашите информации, тие би можело, доколку е неопходно, да бидат испратени и до други подружници на Јеховините сведоци, до главното седиште на Јеховините сведоци или до други ентитети кои ги користат Јеховините сведоци во разни земји.
Донации. Ако донирате онлајн, ќе ги сочуваме Вашето име и презиме, како и Вашите контакт-информации. За да примаме донации преку кредитни картички, користиме проверени системи за плаќање со висок степен на безбедност и правила за приватност на податоци. Може да добиеме финансиски информации, како на пример бројот на кредитната картичка или броевите од финансискиот извештај кои се неопходни за да се прими донацијата, или може да ги препратиме тие информации до службите кои ја процесираат донацијата. Вашата донација безбедно се процесира согласно стандардот PCI DSS (Payment Card Industry Data Security Standard). Примателот на донацијата води евиденција за податоците за прилозите сѐ додека е потребно во склад со своите правни интереси или во склад со други законски одредби кои се поврзани со тоа. Тука се вклучени датумот, сумата и начинот на донирање. Тоа ни овозможува да се придржуваме на стандардите за сметководство и да можеме да одговориме на прашањата што можеби ќе ги имате во тој период. Нема да бараме од Вас дополнителни донации.
Побарајте посета. Ако сакате да дознаете нешто повеќе за Библијата или за Јеховините сведоци, можете да побарате да Ве посети некој Јеховин сведок. Личните податоци што ќе ни ги оставите во своето барање ќе ги користиме исклучиво во поврзаност со Вашето конкретно барање. Откако ќе го потврдите Вашето барање, Вашите податоци може да се испратат до други подружници или други ентитети на Јеховините сведоци доколку тоа е потребно за да се исполни Вашето барање.
Други цели. Лични податоци (како што се Вашето име и презиме, адресата или телефонскиот број) може да испратите и за други цели, а не само за да направите кориснички профил, да поднесете молба или да донирате. Во секој поединечен случај, целта заради која сте замолени да ни дадете информации ќе биде јасно наведена. Нема да ги користиме Вашите информации за други цели кои не биле наведени кога сте ги оставиле Вашите податоци.
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО JW LIBRARY
Информации за тоа како Вашите лични податоци се користат во апликацијата JW Library може да најдете на страницата Како JW Library ги користи твоите податоци.
Како што е опишано на оваа страница, апликацијата работи така што презема податоци од интернет-страницата jw.org. Во текот на тие преземања, интернет-страницата jw.org има пристап до IP адресата на корисникот. Податоците што ги собира интернет-страницата овозможуваат апликацијата да работи, да се подобрат услугите на апликацијата и таа безбедно да се користи. Вашите лични податоци ги користиме за следниве цели: пристап до апликацијата и нејзино користење, управување со функциите на апликацијата и нејзино приспособување според Вашите желби, спречување и откривање измама и штетни софтвери, како и решавање инциденти поврзани со безбедноста.
ПРЕФРЛУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ВО СТРАНСТВО
Верската организација дејствува низ целиот свет преку различни локални ентитети. Некои од серверите за нашата интернет-страница и за апликациите поврзани со неа се наоѓаат во САД. Можно е Вашите податоци да бидат префрлени надвор од Вашата земја или место на живеење, и тоа во земји чии закони обезбедуваат различни нивоа на заштита на податоци од земјата во која моментално живеете. При обработката и префрлањето на Вашите лични податоци, преземаме одредени мерки за да ги заштитиме. Очекуваме сите ентитети што ги користат Јеховините сведоци и кои го поддржуваат делото на Јеховините сведоци да ги следат нашите правила за заштита на податоците, како и законите и регулативите за лични податоци.
Со тоа што ја посетувате оваа интернет-страница и комуницирате со нас по електронски пат, се согласувате Вашите лични податоци да се префрлуваат во други земји. Во многу случаи, користиме договори за ваквиот пренос на податоци, како што се стандардните договорни клаузули.
ВАШИТЕ ПРАВА
Секогаш кога ги обработуваме Вашите лични податоци, вложуваме разумни напори тие да бидат точни и ажурирани за да можат да се користат во склад со целта за која биле земени. Во зависност од земјата во која живеете и од локалните закони за заштита на лични податоци, можеби ги имате следниве права во врска со личните податоци кои сте ни ги испратиле:
Во склад со локалните закони, можете да побарате информации за собирањето и обработувањето на Вашите лични податоци;
Можете да побарате да добиете пристап до Вашите лични податоци, да ги блокирате, да ги избришете или да ги исправите доколку се нецелосни или неточни;
Доколку имате законска основа, можете да поднесете жалба во врска со начинот на кој се обработуваат Вашите лични податоци и да побарате од нас да престанеме да ги користиме Вашите податоци.
Ако во земјата во која живеете има закони за заштита на лични податоци и доколку сакате да добиете пристап до Вашите лични податоци, да ги исправите или да ги избришете, контакт-информации можете да најдете на страницата Контакт-информации за заштита на податоци.
Откако ќе го примиме Вашето писмено барање во кое ќе наведете доволно докази за Вашиот идентитет и доволно информации за да ги идентификуваме Вашите лични податоци, соодветниот контролор на податоци објективно ќе процени дали ќе го исполни Вашето барање така што ќе процени дали исполнувањето на барањето на некој поединец да добие пристап до своите податоци, како и да ги исправи или избрише, би можело на кој и да било начин да ги загрози легитимните интереси на организацијата, во што спаѓаат и правата на организацијата на религиозна слобода и делување. Исто така, за неопходните промени ќе ги известиме и третите лица кои ги примаат Вашите податоци.
Забележете дека Вашите податоци можеби нема да бидат избришани доколку законите налагаат тие и понатаму да се обработуваат или ако постои некоја друга правна основа тие да се чуваат. На пример, во интерес на верската организација е да ги одржува податоците дека некој е Јеховин сведок или дека бил Јеховин сведок. Ако се избришат ваквите податоци, тоа неоправдано ќе ги загрози религиозните верувања и практики на организацијата. На барањата за бришење на лични податоци се применуваат законите за приложување извештаи и чување на документи кои мораме да ги почитуваме. Исто така, во врска со обработката на податоците што сте ги дале на нашата интернет-страница, можете да поднесете жалба и кај локалните власти за заштита на податоци.