Општи правила на Јеховините сведоци за заштита на лични податоци
Меѓународната верска организација на Јеховините сведоци [понатаму во текстот „верска(та) организација“] ги почитува правата на приватност и на заштита на личните податоци. Верската организација е свесна дека е потребно да има отворена и искрена комуникација, како и собирање на лични и чувствителни лични податоци, за да се задоволат потребите на Јеховините сведоци и тие да можат да ги извршуваат своите верски и добротворни активности. Исто така, верската организација е свесна дека е неопходно да се задржи доверливост и соодветно да се заштитат овие информации (Изреки 15:22; 25:9). За нас доверливоста е многу важна работа (Изреки 20:19).
Многу земји донесоа закони за заштита на податоци за да му се овозможи право на приватност на секој поединец. Верската организација, вклучувајќи ги и сите нејзини подружници, веќе долго време ги почитува правата на приватност и доверливост, и тоа уште пред да се донесат закони за заштита на податоци. Во духот на својата долгогодишна традиција, верската организација ќе продолжи да ги штити информациите што ќе ѝ бидат доверени.
Принципи за заштита на податоци. Верската организација ги користи сите лични податоци во склад со следниве принципи:
Личните податоци се користат на чесен и законски начин.
Личните податоци се собираат, се обработуваат и се користат исклучиво за да се остварат верските и добротворните цели на верската организација.
Личните податоци се точни и редовно се ажурираат. Секоја евентуална грешка ќе се исправи најбрзо што е можно, веднаш откако верската организација дознала за тоа.
Личните податоци се чуваат онолку колку што е потребно за законските цели на верската организација.
Внимателно се почитуваат правата на лицата чии податоци ги чуваме.
Се преземаат соодветни технички и организациски мерки за да се спречи неовластен или незаконски пристап до личните податоци. Сите електронски складирани лични податоци се чуваат во компјутери заштитени со лозинка која ја знаат само овластени корисници. После работното време, канцелариите се заклучуваат, а пристап до нив има само овластен персонал.
Личните податоци не се префрлаат од една подружница во друга, освен ако тоа е неопходно за да се остварат верските и добротворните цели на верската организација, за што својата согласност ја даваат сите Јеховини сведоци кога по сопствена иницијатива донесуваат одлука да станат Јеховини сведоци.
Овие принципи за заштита на податоци се однесуваат на начинот на кој се користат личните податоци, како што е наведено во книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, која ја добива секој Јеховин сведок кога ќе стане објавител. За повеќе информации, види во книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја.
Јеховините сведоци го почитуваат правото на заштита на личните податоци и на чувствителните лични податоци, како и на исправка и уништување на лични податоци и чувствителни лични податоци, како што е опишано во Општи правила за користење на лични податоци, поднаслов Вашите права.
Во овие Општи правила на Јеховините сведоци за заштита на лични податоци е објаснето како Јеховините сведоци низ целиот свет ги обработуваат личните податоци.